Состојки:
- 1 кг тиквички, 250 г кромид, 2 чаши шеќер, 2 чаши јаболков оцет, 1 лажичка семе од целер (по избор), 1 лажичка меленa куркума, 1 лажичка сенф, 2 лажички семе од синап, сол по вкус (oтприлика ¼ чаша)


Приготвување:
Тиквичките измијте ги и исечкајте ги на тенки резанки, а кромидот излупете го и исечкајте го на четвртини, па на тенки резанки. Ставете ги заедно во сад со ладна вода да ги покрие. Додајте ја солта и мешајте додека се растопи. За покрцкави тиквички можете да додадете мраз во водата. Покријте го садот и оставете ги да стојат два часа, потоа исцедете ги и префрлете ги во огноотпорен сад.  Во друг сад измешајте ги зачините, сенфот и оцетот, па ставете ги да зовријат, потоа со оваа течност прелејте ги тиквичките и кромидот. Измешајте и нека стои два часа. Потоа ставете го садот на оган да зоврие и варете три минути. Соберете ги во стерилизирани тегли и веднаш затворете ги. Потоа завиткајте ги во стари весници и ставете ги нека се варат во тенџере со врела вода 10 минути. Откако ќе се изладат проверете дали добро се затворени капаците и ставете ги на соодветно место. После седум дена можете да ги јадете, а добро складирани ќе траат една година. 

(фото:Инстаграм)

Најново на форумот

  • No posts to display.