Здружение на граѓани РОДИТЕЛИ И ДЕЦА- РИД Скопје и дружината од Сурово & вкусно, Raw food Mk и Ajde da jademe ве покануваат на викенд хумана дружба.

 

Ви нудиме можност да откриете некои тајни за приготвувањето жива и веганска храна, и дегустација на приготвените деликатеси. За пријатната атмосфера ќе придонесат Prime Light со акустична музика, а за најмалитe аниматор од игротека Тиквичка.

 

Храната ќе се продава по симболични цени, а собраните средства ќе се донираат за лекување на Даниела Наумова која боледува од рак на дојка.

 

Дата: 22 Февруари

Старт: 12 часот

Локација: Еври Деј Пица Бар (Локација: улица Новопроектирана бб, во деловниот центар Synergy, веднаш до ПИОМ)

Најново на форумот

  • No posts to display.