Во секоја градина има разновидни цвеќиња и дрвца, кои имаат потреба од внимание и одржување. Алатот потребен за успешен и здрав раст може да се разликува зависно од поднебјето или условите на почвата. Има разновиден и квалитетен алат, секако голем дел од него е прескап, но секогаш имајте предвид дека само по нешто ви е потребно за одржување на вашата градина. Сепак поради трајност и полесно користење инвестирајте во квалитетно изработени алатки. Ваквиот алат со чистење по секоја употреба, правилно и редовно острење (оној алат кој има потреба од тоа) ќе ви трае со години.

 

Опремување на складот

Најдоборо решение за чување на алатките, особено ако имате поголема градина е да направите градинарска куќичка или склад. Тука ќе сместите: лопати, градинарска вила, гребло, мала пила, ножици, ножици за долги гранки, продолжетоци за полевање, канта, прскалки, мала количка за превоз ако имате многу голема градина и мотики.
Исто така потребно е при рака да имате градинарски ракавици, капа или шешир, за да се заштитите себеси додека работите во градината.

При купување на мотики и лопати со долга дршка изберете лесен модел, со јака дршка. Секако најдобар избор се лопатите со пластични дршки кои се лесни за ракување и отпорни на влага. За рамнење на почвата и собирање на лисјата потребно ви е едно гребло со цврсти и куси запци. Ако имате многу рози во градината, набавете уште едно потесно гребло, за собирање на паднатите лисја околу коренот на розите.

Заштитна облека

За работа во вашата градина нема место за мали, лесни и тенки ракавици, особено ако е полна со рози. Носете ракавици за да си ги заштитите рацете од трњата. Кожата можете да ја заштитите со доволно долги ракавици кои го преминуваат рачниот зглоб и го покриваат делот од раката кон лактот. Во тек на сончевите денови заштитете се со капа или шешир.

Мини градина

За мала градина или за цвеќиња на тераса користете мал рачен алат – мини мотика, лопатка и гребло, кои треба да се квалитетни со челични запци и цврста дршка. Исто така потребни ви се мала кантичка за полевање и мини прскалка.

Најново на форумот

  • No posts to display.