Вашето дете веќе неколку дена има кашлица, покачена телесна температура и треска. По неколку дена симптомите се смируваат, но, за жал, за неколку дена ситуацијата се повторува. Состојбата трае со денови, а вие не знаете за што се работи... Дали станува збор за настинка, за алергија или, пак, е астма? Детето е болно, а родителите се загрижени.

Позитивниот фидбек или positive rеinforcement e еден од четирите основни елементи на Хелен Дорон методологијта кој ја прави успешна како во едуцирањето на децата, така и во развојот на нивната самодоверба и градењето на вистинската слика за себе.

Пролетта ни е на прагот, периодот на кој децата најмногу му се радуваат. По долгата зима, тие со нетрпение ги очекуваат прошетките во природа, возењето велосипед, игрите во најблискиот забавен парк. Но, со пролетта се зголемуваат и симптомите на сезонска преосетливост, односно ризикот од алергиски реакции кај децата. 

Воспитувањето на детето е животна задача, честопати полна со сомнежи и прашања. За детето да прерасне во самоуверено, среќно и способно дете, од помош се следниве седум реченици кои секој родител треба да му ги каже на своето дете:

Тоа е едно од најпопуларните имиња во светот и можеме да се сретне во многу држави.  Според едно толкување, Сара е име од еврејско потекло, а го има во светите книги Тората и Библијата – „каде Сара беше сопруга на Аврам, предок на еврејскиот народ“.

Иако може да се чувствувате виновни и тажни поради тоа, нема да му наштети на вашето бебе да го оставите да плаче во креветчето, откриено е во петгодишно истражување направено над 326 , деца од страна на Универзитетот во Мелбурн.

Недоволната влага во кожата резултира со рапавост, појавување првут, мали пукнатини по кожата до воспалителни процеси, затегнатост и чешање. Симтпомите се различни, а како кај возрасни, можат да се појават и кај деца. Од аптека Марија гален фарм, за нега на атопичната детска кожа ја препорачуваат козметиката EUCERIN®AtopiControl.

Како резултат на детската фантазија, потребата за игра и контрола над неа во раниот предучилишен и училишен период, замислените пријатели се мошне честа појава. Овој феномен не е страшен за детето, иако ги застрашува родителите, бидејќи помислуваат дека нешто лошо се случува.

Пандемиите најчесто се неселективни и вирусите не прават разлика меѓу жртвите што ги напаѓаат и оние што ги поштедуваат. Но, ковид-19 е различен, особено кога станува збор за возраста.

Адолесцентната депресија е мошне честа појава која тешко се препознава, бидејќи лесно се прикрива поради што е позната и како “депресија со насмевка”. Сложеноста станува уште поголема бидејќи многу фактори се испреплетуваат.

Најново на форумот

  • No posts to display.