Втората бременост е добра вест на која ѝ се радува целото семејство и со нетрпение ја очекува. Но, кога првороденото дете ќе се сретне со бебето, можеби нема да се чувствува толку среќно.

Стриите се појавуваат како резултат на нагло дебелеење и растегнување на кожата што не може да се спречи, особено во текот на бременоста. На идните мајки тоа им е еден од најголемите проблеми, а бројните креми и лосиони вообичаено ја намалуваат појавата на стрии, но тешко е целосно да се спречат.

Дознавате дека сте бремена и веќе сте во петтиот месец, но до тогаш не сте имале никакви симптоми кои упатуваат на тоа. Колку и да звучи неверојатно сепак е можно. Најчесто се случува кај жени кои имаат нерегуларни циклуси, кои не сакаат да забременат или имаат некоја психолошка состојба.

Многу мајки тврдат дека соништата кои ги сонувале во бременоста биле како да гледаат некој необичен филм, во многу живи бои. Вашиот мозок во овој период процесира многу промени и ззатоа подгответе се за една необична авантура.  

Трудниците треба да се грижат за забите и да ги чуваат, бидејќи со секоја бременост се изложени на ризик. Причина за тоа е што фетусот го  црпи калциумот од организмот на  мајката за да си го изгради својот коскен систем. Сепак поголема опасност е хормоналната нерамнотежа на која е изложено женското тело во бременоста и нарушениот процес на апсорпција на минерали и микроелементи од храната.

Породувањето во вода не е нов метод, но во последниве години станува сè попопуларен, бидејќи е поудобен, полесен и има подобро влијание на здравјето од бебето и мајката. Најважното во целиот процес е што поминува со помалку болки.

Иако бременоста отсекогаш се сметала за еден прекрасен период во кој сè е убаво, розово и позитивно, сепак постојат и мигови кои ја покажуваат поинаквата слика. Имено не е реткост во овој период трудниците да чувствуваат стравови во врска со бебето, своето здравје, одговорноста која ги oчекува, но и поради проените во животот со партнерот. Освен тоа се појавуваат и некои необични желби, кои за идната мајка се приоритетни. 

Популарното верување дека трудницата треба да јаде за двајца со тек на времето се покажало како неточно. Напротив, важно е да се задржи навиката за консумирање на балансирани оброци, богати со хранливи намирници.

Со сите свои прекрасни бои и богатството од есенски плодови, есента е прекрасно годишно време. Ако очекувате бебе искористете го овој период за да си ја направите бременоста што позабавна.

Новопечените мајки не треба веднаш после породувањето да почнат да вежбаат, без разлика колку и да се чувствуваат подготвени и способни за тоа. Гинеколозите и фитнес-инструкторите предупредуваат дека жените, поради преголема желба за поскоро да си ја вратат старата фигура, пребрзо после породувањето се враќаат на вежбањето.

Најново на форумот

  • No posts to display.